Даскаловски и Јаневски на средба со угостителите

Кандитатот за градоначалник на општина Струмица, д-р Коста Јаневски и носителот на советничката листа, Марјан Даскаловски, од Социјалдемократскиот сојуз  на Македонија и Коалицијата, денеска, остварија средба со претставниците на угостителскиот сектор во Општината. На средбата, разговараа за актуелните состојби, но и ги дефинираа приоритетите со кои Струмица ќе стане уште попривлечна дестинација. Д-р Јаневски, го промовираше неговиот концепт за уште поголемо искористување на расположливите туристички и угостителски потенцијали.

-Нудиме Стратегија за активен туризам. Ќе го поддржиме учеството на туристички и бизнис форуми и саеми. Ќе ги поддржиме инвестициите и ќе ги поттикнеме угостителите да создаваат сопствена туристичка понуда, а ќе овозможиме да се подобри квалитетот на услугите во туризмот и угостителството преку обезбедување квалитетен кадар преку нова паралелка за угостителство во средното образование, рече меѓудругото д-р Јаневски.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,