Црн сум како ѓавол ама правам вар бела како млеко!

60-годишниот Јанко Павлов од струмичкото село Kостурино, веќе 40 години се занимава со занаетот за добивање вар во специјални варџилници, кои ги има во струмичко-валандовскиот крај. 

janko

– Целиот животен век го поминав вака црн како што ме гледате сега. Извалкан од црнилото кое е резултат на чадот кој излегува од варџилницата. Испечен сум повеќе од кое било зрачење на сонцето затоа што во оваа фурна за производство на вар огнот развива енормно високи температури кои и самите можете да ги почувствувате на самото место. Макотрпна е оваа работа, ама нема друго чаре – вели Павлов за Дневник.

Тој порано имал сопствен објект, варџилница, каде што го испекол занаетот. Искусен во оваа тешка работа, која е традиција во овој регион на државата, тој е вешт и во изградбата на самата фурна, ѕидана од камења, а во која се добива белиот материјал неопходен во секојдневниот живот. Со варџиство во минатото се занимавале главно македонски семејства, но сега според нашиот соговорник, кој беше црн како оџачар, тоа го прават и турски семејства. 

– Горчилото од чадот што го гледате наоколу влегува и во устата. Тој горчлив вкус постојано го потсетува човека дека вреди да се жртвува за најблиските. Со тој горчлив вкус јас одгледав и одомив две деца. По вакво валкање крај варницата човек мора добро да се истрие со вода и да ги испере алиштата. До следното печење крај фурната што живот значи – со насмевка Павлов ја опишува оваа тешка физичка работа.

Целата сторија на следниот линк.

маркетинг


Select
Ознаки: , , , , ,