Стоилов: Првата задача ја исполнивме, победивме цврста репрезентација, да не летаме

  Стојанче Стоилов видно задоволен после натпреварот на кој Македонија ја победи Словенија со 25:24, кажа дека вака треба да продолжиме. -Мислам дека одбраната го реши натпреварот, многу цврста игра на двете репрезентации. Некои моменти они ја имаа играта некои ние, на крај ние победивме. Долго ја очекувавме оваа победа против Словенија, но не треба да се летаме, чекор по чекор, изјави ...

Храбрата Македонија на Раул ги сруши Вујо и Словенците!

  На дебито на Европското првенство во Хрватска, Македонија на Раул Гонзалез по голема драма ја совлада Словенија со 25-24 (11-11) на дебито на групата Б на Европското првенство во Хрватска. Дуелот започна со две водства на Словенците и два гола од седум метри на Лазаров за израмнување. Сепак, се разбрани Скок, момците на Вујовиќ постигнаа три гола, а ние останавме 11 минути без гол од игра. ...

ЛЕБЛЕБИЏИСКАТА УЛИЦА ПОВТОРНО ПОДГОТВЕНА СО ОРГАНИЗИРАНО СЛЕДЕЊЕ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО!

Како и за секое спортско случување, така и овојпат #CafeSelect ви овозможува организирано следење на натпреварите од европското првенство во ракомет 2018. Да го бодриме нашиот тим и да навиваме за Македонија!!! #Македонија vs #Словенија Денеска, 13.01.2018 19:30 часот!

СТРУМИЧАНИ ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА ФАЛАНГА ВО ЗАГРЕБ – МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ГО ИГРА ПРВИОТ НАТПРЕВАР!

Македонската ракометна репрезентација вечерва го игра првиот натпревар на Европското првенство со екипата на Словенија а нашата фаланга полека се мобилизира. И нашите струмичани се дел од неа и ќе ги бодрат нашите херови вечерва во Загреб. Да стискаме палци во 19:30 часот за прва и голема победа на Македонија. ЗА КОГО? ЗА МАКЕДОНИЈА!  

Стојанче Стоилов е спортист на Македонија за 2017 година

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов и капитенот на репрезентацијата Кире Лазаров ја комплетираа колекцијата на трофеи освоени на изборот за најдобар спортист на Агенцијата за млади и спорт. Стојанче Стоилов е избран за најдобар спортист за 2017 година во Македонија, додека Лазаров е спортист на годината со најголем придонес. Сето она што го направија ракометарите секако е за секоја ...

ВО НЕДЕЛА РК АСТРИОН ПРОТИВ ЕКИПАТА НА МЛАДИНЕЦ 2015 ОД КОЧАНИ!

Во Недела 10.12.2017 последно есенско коло на кадетите на РК АСТРАИОН против МЛАДИНЕЦ 2015 од Кочани. Натпреварот ќе се игра во спортската сала на СОУ „ДИМИТАР ВЛАХОВ” со почеток од 14:30 часот. Да им дадеме поддршка на играчите за крај од оваа успешна 2017 година.

ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ „СВ 15 ТИВЕРИОПОЛСКИ СВЕШТЕНОМАЧЕНИЦИ“ ОРГАНИЗИРАН ТУРНИР ВО РАКОМЕТ!

На ден 10.12.2017 год. (недела) со почеток од 11:00 часот во салата на СОУ „Димитар Влахов“-Струмица, по повод празникот „СВ 15.ТИВЕРИОПОЛСКИ СВЕШТЕНОМАЧЕНИЦИ“ под мотото „Ракомет е мојот живот“ – Жрк Струмица-Геометрика од Струмица, организираат меѓународен турнир во ракомет на кој ќе земаат учество следниве екипи: ЖРК СТРУМА – Струмица ЖРК ХОНДА АЕП ПАНОРАМА – Солун Р. Грција ЖРК ...

Пионерките во Струмица ја прекинаа победничката серија

После три победи во пионерското првенство, вардарки од Струмица се вратија без бодови, откако мечот со Струма заврши со 13-10 (7-6) за домаќинот. Избраничките на Анжела Платон имаа убав старт на почетокот од натпреварот и во 5. минута имавме предност од 3-2, но потоа следеа 12 минути во кои успеаја да дадат само еден гол. Пауза која противникот ја искористи да го превземе водството со 6-4. Иако ...

РАКОМЕТНИОТ КЛУБ АСТРИОН СТРУМИЦА Е ФАВОРИТ ЗА ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА ВО КАДЕТСКАТА ЛИГА!

Ракометниот клуб Астрион Струмица по победата над Лазарови од Свети Николе со убедлив резултат од 31-19 несомнено е голем фаворит за лидерската позиција во првата група од кадетската лига. „Астрионците“ имаат три одиграни натпревари и три заслужени победи. Следното коло гостуваат во Радовиш!    

„АСТРИОН“ – СТРУМИЦА ЈА ИЗВОЈУВА ПРВАТА ПОБЕДА ВО ГОСТИ!

Во второто коло од кадетската лига, екипата на „АСТРИОН“ – СТРУМИЦА ја извојува и првата победа во гости. „Астрионци“ упатија голема благодарност до сите оние што го помагаат ракометниот проект „АСТРИОН“ кој во моментот брои 80 членови. Големи честитки за победата, БРАВО!