АСТРИОН-СТРУМИЦА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ГО ЗАПОЧНА СО ПОБЕДА НА ГОСТИ!

Кадетската екипа на Астраион го започна пролетниот дел со победа на гости против ГРК со резултат 26:30 и ја продожуваат борбата за 1 место. Пионерите на гостувањето ви Делчево загубија од домаќинот со резултат 26:19.

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ВАСЕ НАКОВ – СТРУМИЧКИОТ РАКОМЕТЕН ТАЛЕНТ ЗА КОЈ ДОПРВА ЌЕ СЛУШНЕ СВЕТОТ!

Седумнаесет годишниот струмичанец Васе Наков, за кого сите велат дека е вонсериски талент „растура“ со својата игра како на клубско така и на државно ниво. Во РК ВАРДАР игра  десен бек, додека пак во македонската репрезентација до 19 години десно крило. Како што спомнавме на почетокот, тој е роден во Струмица и неговиот талент е забележан токму овде во РК СТРУМИЦА. Наков беше и најмладиот ...

Струмичкиот ракометен клуб ,,Астраион” доби оригинална топка од европското првенство во Хрватска

Ракометниот клуб ,,Астраион” Струмица натпреварите во кадетската лига ќе ги игра со официјалната топка ,,Селект”  со која се играше и на Европското првенство во Загреб 2018. Членовите на управата на клубот, Мики Пандев и Ратко Макенаџиев, топката ја носат директно од Заграб, како што Македонската ракометна репрезентација ги постигна двете победи во ова натреварување.

ГЛАСАЈТЕ: СТОИЛОВ И ТАЛЕВСКИ ВО ИЗБОРОТ ЗА ИДЕАЛЕН ТИМ НА ЕУРО2018!

  Филип Талески и Стојанче Стоилов се најдоа во изборот за идеалниот тим на првенството во Хрватска. Македонската селекција како 11-та го заврши ова патување, но двајца наши играчи можат да се најдат во идеалниот тим на првенството, доколку ги поддржиме и гласаме за нив. Стоилов е во игра за најдобар кружен напаѓач на шампионатот, а конкуренција му се Мирхол (Норвешка), Фигуерас ...

(ФОТОГАЛЕРИЈА) СЕЛЕКТ СИНОЌА ПРЕПОЛН СО МАКЕДОНСКИ НАВИВАЧИ И ПОКРАЈ ПОРАЗОТ НА МАКЕДОНИЈА!

И покрај високиот пораз на македонската ракометна репрезентација од Шпанија сепак тоа не беше главната причина да не се навива за Македонија бидејќи тие се нашите херои. Селект беше преполн од навивачи а атмосферата на високо ниво. Во продолжение погледнете дел од фотографиите:

СТРУМИЦА ДЕНЕС ОРГАНИЗИРА ЗАЕДНИЧКО СЛЕДЕЊЕ НА НАТПРЕВАРОТ ВО НЕДЕЛА: ГОЛЕМА ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА САМО ЕДЕН ДЕН!

Во недела со почеток од 20:30 часот МАКЕДОНСКАТА репрезентација игра важен натпревар против репрезентацијата на Шпанија, меч кој можеби ќе го обезбеди посакуваното полуфинале. По тој повод, порталот Струмица Денес организираше заедничко следење на натпреварот во СЕЛЕКТ на кое многу струмичани покажаа голем интерес уште на првиот ден откако беше креиран евентот. Да се собереме во уште ...

ГОЛЕМИ СМЕ КОЛКУ АЛЕКСАНДАР! ЕВРОПСКИОТ ПРВАК НА КОЛЕНА ПРЕД МАКЕДОНИЈА!

Во третиот меч на Европското првенство (ЕП) во Хрватска, Македонија ремизираше против Германија (25-25) и како прва ќе патува во главната фаза во Вараждин. Првиот гол го пост–игна нашиот противник, кој ја искористи играта без голман на Раул, кој подготви изненадување на стартот, но истото го казни Штефан Вајнхолд. Следуваше брз одговор на нашите репрезентативци, кои преку Пешевски и ...

(ФОТО) ЗАГРЕБ Е МАКЕДОНСКИ! СТРУМИЧАНИ ДЕЛ ОД ГОЛЕМОТО СЛАВЈЕ СИНОЌА

Не е важно дали од Скопје, Битола, Прилеп, Струмица или некој друг македонски град, сите навивачи заедно славеа. Во собиралиштето на нашите фанови долго во ноќта се пееја македонски песни и се славеше победата над Црна Гора. Сите посакуваат оваа еуфорија да продолжи и по мечот со актуелниот европски првак Германија. Напред Македонија!

Македонија вечерва против Црна Гора во вториот натпревар на ЕП

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Загреб против Црна Гора ќе го игра својот втор натпревар на Европското првенство во Хрватска. Македонија имаше успешен старт и победа над Словенија во саботата, па со евентуален триумф над Црногорците ќе обезбеди пласман во втората фаза. Победа за „црвено-жолтите“ ќе значи и пренесување најмалку два бода во следниот сегмент што ...

ОРГАНИЗИРАНО СЛЕДЕЊЕ НА НАТПРЕВАРОТ МАКЕДОНИЈА-ЦРНА ГОРА ВЕЧЕРВА ВО СЕЛЕКТ!

Како и за секое спортско случување, така и овојпат CafeSelect ви овозможува организирано следење на натпреварите од европското првенство во ракомет 2018! Да го бодриме нашиот тим и да навиваме за Македонија!!! МАКЕДОНИЈА vs Црна Гора вечерва во 20:30 часот.