Американецот Хикмен во Струмица!

Кошаркарскиот клуб на Струмица потпиша со 31-годишен американски крилен центар…Станува збор за Демонд Хикмен кој минатата сезона настапуваше за американскиот Питерсбург Кавалирс (ECBL). Му помогна на овој тим да го заврши регуларниот дел од сезоната како втор најдобар во Северно-Западната дивизија.  

Струмица повторно доживеа пораз, овојпат од Шкупи!

Шкупи стигна до втората последователна победа во Суперлигата и вчера се радуваше во дуелот со последнопласираниот тим на Струмица (109-67). Домашната екипа ги доби сите четири четвртини и на крај заслужено стигна до четвртиот сезонски триумф. Со денешните два бода, избраниците на Енвер Мифтари се доближија до Карпош Соколи, кој има само една победа повеќе. Рид со 22 и Догбо со 19 поени беа ...

СТРУМИЦА ЗАГУБИ ОД ФЕНИ ИНДУСТРИ!

Во последниот натпревар од 16. коло во Првата македонска кошаркарска лига, Фени Индустри стигна до победа на гостувањето против Струмица од 58-71 (23-22,8-16,14-15,13-18). По израмнетиот прв период, кавадарчани презедоа се во свои раце во втората четвртина која ја добија со осум поени предност и најавувајќи ја победата. Во второто полувреме во ист ритам се одржуваше предноста за конечна победа. Најефикасен ...

KK СТРУМИЦА ЕКИПА СО МЛАДИ И ПЕРСПЕКТИВНИ ИГРАЧИ САМО ОД МАКЕДОНИЈА КОИ ВО ИДНИНА ВЕТУВААТ МНОГУ!

Некогашниот шампион КК СТРУМИЦА и покрај тоа што се наоѓа во првата кошаркарска лига на Македонија се соочува со проблеми. Но, тоа не е причина тие да го оставаат срцето на теренот на секој изминат натпревар. Добро знаеме дека во спортот има и големи падови и големи издигнувања. Овој клуб во минатото на Струмица донесе многу радости и беше и уште е гордоста на нашиот град. Во моментот ...

Струмица лесно се справи со младите „соколчиња“

Кошаркарите на Струмица стигнаа и до втората победа сезонава во Првата македонска кошаркарска лига славејќи во 13. коло против подмладениот тим на Карпош соколи со 86-71. Уште од самиот почеток домашните наметнаа ритам за победа, добивајќи ја првата четвртина убедливо со 24-13. Потоа само се одржуваше предноста за конечен триумф. Најефикасен кај струмичани беше Делипетров со 25 поени, дополнети ...

Струмица ја плати „јадранската“ сметка на АВ Охрид

На АВ Охрид можеби не му оди најдобро во АБА 2 лигата, но уште е во игра за пласман во Супер лигата од македонското кошаркарско првенство. Сметката за лошите резултат во јадранското друштво ја плати Струмица која во “Билјанини извори” е совладана со 103:61. На охриѓани им требаат 7-8 минути да се разиграат, но кога тргнаа, немаше спас за гостинот. Една низа од 10:0 беше доволна за водство од ...

ВЛАДО ИЛИЕВСКИ ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ЗА СМЕНА НА ПЕЦЕ НАУМОВСКИ

Трката за позицијата прв човек на македонската кошарка влезе во нова етапа, откако Владо Илиевски и официјално реши да се кандидира за претседател. Даниел Димовски се откажува од трката?  Поранешниот репрезентативец и предводник на генерацијата која направи историски успех на Европското 2011 поднесе иницијатива за одржување на вонредно собрание на МКФ со единствена точка на дневен ...

АМЕРИКАНЦИТЕ СИ ЗАМИНАА ОД СТРУМИЦА!

Беспарицата услови двата клуба да се ослободат од понатамошните обврски спрема странските кошаркари, па засега е непознато со какви сили ќе настапат во вториот дел од сезоната.  Двете екипи со најслаб резултат во првито дел од Првата лига, Струмица и Шкупи, се чини дека ќе имаат уште потешка задача да го одбранат прволигашки статус.Пред се затоа што во оној втор дел од сезоната, кој ...

Работнички со 51 разлика ја совлада Струмица

Екипата на Работнички оствари очекувана и убедлива победа со 51 разлика против Струмица во воведниот натпревар од 11. коло во Првата кошаркарска лига. Работнички ја оправда фаворитската улога и до единаесетиот триумф во исто толку одиграни натпревари стигна со убедливата победата над Струмица со 108-57. Најефикасен во оваа победа на тимот од „Градски парк“ беше Кире Николовски со 26, ...