ПАДНА И КОЖУВ: БЕЛАСИЦА НЕЗАПИРЛИВО СЕ ДВИЖИ КОН ПРВАТА ЛИГА!

Денеска со почеток од 15:00 часот на градскиот стадион во Струмица се одигра натпреварот од втората македонска лига помеѓу екипите на Беласица и Кожув. Очекувано, Беласица повторно му нанесе пораз на противникот со резултат од 3:0.   ⚽ Мартин Мирчески ⚽ Крсте Тодоров ⚽ Никола Божинов

ВИДЕО: Каква АТРАКЦИЈА – Струмичанецот Јани Атанасов даде гол со „ножички“ против Англија!

  Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години рано во натпреварот дојде до предност против големиот фаворит Англија (0-1), на атрактивен начин, со погодок на Јани Атанасов. Фудбалерот на Академија Пандев успеа да го надмудри противничкиот голман уште во 3. минута од мечот. Еден од лидерите на оваа репрезентација погоди атрактивно, со ножички, откако одлично доби топка ...

ЕКСКЛУЗИВНО:БАРЕЗИ И МИЛАН ДОАЃААТ ВО СТРУМИЦА ПО АТАНАСОВ!

  Наместо Интер, со кој Атанасов има предоговор, можно е нашиот младински репрезентативец да замине во Милан, а легендата Франко Барези утре пристигнува во Скопје за во живо да го гледа мечот Македонија – Англија до 19. години. Македонскиот репрезентативец до 19. години Јани Атанасов е мета на големиот Милан. Сегашниот играч на Академија Пандев, и еден од нашите најнадежни млади фудбалери ...

„Пандевци“ испуштија триумф во 93. минута

Фудбалерите на Академија Пандев ниту по осум кола и речиси четири месеци не успеаја да ги израдуваат своите фанови со победа во ПМФЛ. Новајлијата во елитното фудбалско друштво на свој терен, иако до 90. минута имаше предност од 1-0, не успеја да го совлада битолски Пелистер, откако гостите длабоко во судиското надополнување преку дефанзивецот Александар Ристевски стигнаа до нерешен ...

Крчмаревиќ дебитира во Струмица, Победа очајна за првата пролетна радост

Некогашниот фудбалер на Партизан и селектор на младинската репрезентација на Србија, Слободан Крчмаревиќ ќе дебитира во ПМФЛ на дуелот во Струмица меѓу Победа и Работнички, Наследникот на Црнгорецот Бубања се соочува со незавидна позиција во која се наоѓа прилепскиот прволигаш. „Младост“ во Струмица е четврти пролетен домашен терен за Победа, која претходно  играше во Турново, ...

Хусеин: Куп-триумфот е зад нас, против „пандевци“ сакаме победа и во првенството!

„Новиот“ Пелистер во средата го одигра најдобриот натпревар оваа пролет и со пресврт-победа обезбеди предност за полуфиналниот реванш од Купот на Македонија против Академија Паднев (2-1). Овие две екипи за само три дена повторно ќе се судрат меѓусебно, овој пат во рамки од 24. коло на ПМФЛ. Проволигашнката средба ќе се одигра во Струмица, а помошник тренерот на Пелистер, Неџат Хусеин ...

Пелистер со пресврт до победа против Академија Пандев!

Пелистер и Академија Пандев на 11 април во Струмица ќе решат која екипа ќе игра во финалето на Купот, откако во првиот полуфинален натпревар во Битола, пелистерци славеа со 2-1 (0-1). Гостите поведоа со голот на Атанасов, а Пелистер во вториот дел направи пресврт преку Маневски и Илијовски. Во вториот полуфинален натпревар, Шкендија и Ренова играа без победник, 1-1.

УШТЕ ЕДЕН ДЕРБИ НАТПРЕВАР: СИЛНАТА БЕЛАСИЦА ПРОТИВ ФК БРЕГАЛНИЦА!

Во сабота со почеток од 14:00 часот на градскиот стадион во Штип ќе се одигра уште еден дерби натпревар во втората македонска фудбалска лига – Исток помеѓу струмичката гордост, односно силната Беласица и Фк Брегалница од Штип. Како и секогаш, нашите момци ќе ја имаат поддршката од верните навивачи Ајдуци!

Трета среќа за Пелистер, или хет-трик за Академија Пандев!

Бранителот на трофејот во националниот куп на Македонија, Пелистер ќе има тешка задача против незгодната за нив екипа на Академија Пандев во првото полуфинале, денеска од 14 часот. Во вториот двомеч Шкендија е фаворит по сите параметри на фудбалската игра против локалниот ривал од Тетово, Ренова. Пелистер има шанса да го одбрани трофејот од лани, што го освои со победа на пенали против ...

ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ ВО СТРУМИЦА

Продолжува турата наречена „Победа“ низ цела Македонија. Мечот против Работнички се игра во Струмица Мечот помеѓу Победа и Работнички кој се игра следниот викенд одлучено е да се игра во Струмица. Оваа вест ќе биде потврдена наскоро, а интересна е затоа што тимот на Победа повторно го смени домашниот терен. По Турново, односно Охрид, сега како домаќин ќе биде на Младост во Струмица. ...