СДСМ ГИ ЗАЈАКНА ПАРТИСКИТЕ КАПАЦИТЕТИ: КОСТАДИНОВ НОВ ЧЛЕН НА ЦЕНТРАЛНИОТ ОДБОР НА СДСМ!

На вчерашната седница беа избрани тројца нови членови на Централниот одбор на СДСМ, кои пополнија дел од испразнетите места. Костадин Костадинов, поранешен в.д градоначалник на Струмица и актуелен пратеник, потоа поранешниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски и Чедомир Саздовски кој пред извесно време ја напушти ГРОМ на Стевчо Јакимовски и делуваше како независен ...

СДСМ: На граѓаните на Струмица и околината Мицковски им должи извинување

На денешната посета на Струмица и околните општини од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски и неговата изјава за медиумите, СДСМ реагираа со соопштении. ,,На граѓаните на Струмица и околината Мицковски им должи извинување затоа што 11 години беа заборавени од централната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски треба да смогне сили и да ги напушти политиките ...

ВАСИЛ КОЦЕВ Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ ВО ВАСИЛЕВО!

Актуелниот директор на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Струмица од неодамна е именуван за нов претседател на Општинската организација на СДСМ во Васлево. Инаку, Васил Коцев доаѓа на местото на Сашко Атанасов кој е пратеник во Собранието од редовите на СДСМ.

МАРЈАН ДАСКАЛОВСКИ ПО ТРЕТ ПАТ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СТРУМИЧКОТО СДСМ!

Со одлуката на премиерот на Република Македонија и лидерот на СДСМ, Зоран Заев актуелниот претседател на Општинската организација на СДСМ, Марјан Даскаловски по трет пат е избран за претседател на струмичкото СДСМ.    

РЕАКЦИЈА ОД ОО на СДСМ, НА СООПШТЕНИЕТО ОД ОК НА ВМРО ДПМНЕ

Смешно, жално и срамно е денешното тврдење на луѓето од ОК на ВМРО ДПМНЕ дека Општина Струмица не вложувала во спортот, поради што изостанувале  резултатите на спортистите и екипите од Струмица. Повеќе од сигурно е дека во оваа партија или се прават дека не се од Струмица, или се скарани со спортот, или се скарани со вистината. Вистината вели дека во последните 12 години, спортот и спортските ...

Коста Јаневски на средба со глувите и наглуви лица!

Денеска, Коста Јаневски имаше  можност да се види и поразговара со глувите и наглуви лица. Тој ги слушна нивните проблеми, и им вети продолжување на знаково толкување во директниот пренос на седниците на Советот на општината и зголемување на финансиската поддршка за употреба на знаковиот согласно нивните потреби и останатите активности.

(ФОТО) Коста Јаневски на средба со лицата со интелектуална попреченост

Кандидатот за градоначалник на Струмица од редовите на СДСМ, денеска имаше средба со лицата со интелектуална попреченост. Јаневски го промовира својот концепт за подобар живот. Рече дека ќе го поддржи Социјалниот клуб, Дневниот центар ќе ги задоволува сите нивни потреби и ќе ја имаат нивната финансиска и логистичка поддршка.

Царовска: Ќе градиме три градинки во населените места во Струмица

Изградба на три градини во Муртино, Куклиш и Просениково во 2018 година и нова централна градинка во Струмица во 2019 година најави по денешната посета во Струмица, Мила Царовска, претседател на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ. Поддржувајќи ги кандидатите за СДСМ за претстојните локални избори, Царовска рече дека за годинава издвоиле пари за 13 градинки. – Како Влада со ...

(ВИДЕО) КОСТА ЈАНЕВСКИ: Мојот кабинет и Општината секогаш ќе бидат отворени за вашите идеи, предлози, проблеми и сугестии

Прес конференција на д-р Коста Јаневски, кандидат за градоначалник на општина Струмица од СДСМ и Коалицијата. Почитувани граѓани, Општина Струмица продолжува да биде сервис на граѓаните. Со прераспределба на човечките ресурси во администрацијата, со воведување на флексибилно работно време, двосменско работење, електронски систем на услуги и мобилни канцеларии во населените места ...

Даскаловски и Јаневски на средба со угостителите

Кандитатот за градоначалник на општина Струмица, д-р Коста Јаневски и носителот на советничката листа, Марјан Даскаловски, од Социјалдемократскиот сојуз  на Македонија и Коалицијата, денеска, остварија средба со претставниците на угостителскиот сектор во Општината. На средбата, разговараа за актуелните состојби, но и ги дефинираа приоритетите со кои Струмица ќе стане уште попривлечна ...