ВАСИЛ КОЦЕВ Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ ВО ВАСИЛЕВО!

Актуелниот директор на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Струмица од неодамна е именуван за нов претседател на Општинската организација на СДСМ во Васлево. Инаку, Васил Коцев доаѓа на местото на Сашко Атанасов кој е пратеник во Собранието од редовите на СДСМ.

Генералниот секратар на ВМРО-ДПМНЕ Јанушев одржи состаноци со општинските комитетите во струмичко

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ викендот одржи состаноци со општинските комитети во Струмица, Василево, Ново Село и Босилово. Состаноците кои беа од отворен карактер за членовите на ВМРО-ДПМНЕ беа претходно најавени на социјалните мрежи од страна на Јанушев. Како што информираат од партијата на состаноците се разговарало за актуелните политички теми, а истите се дел од агандета ...

Тренов: СДСМ ветуваа 160 милиони евра за субвенции на земјоделците, а во буџетот предвидоа 24 милиони евра помалку

  СДСМ или свесно ги лажеше земјоделците или се целосно неспособни да го реализираат ветеното. Резултатот секако е ист. Земјоделците се изиграни и изневерени, обвинува Ромео Тренoв. Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција Секој поминат ден на оваа неспособна влада е потврда за лагите во предизборна програма. Тие безочно ги лажеа земјоделците дека ...

Тања Достинова Запрова е нова Претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

Тања Достинова Запрова е нова Претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Достинова Запрова  е активен член на ВМРО-ДПМНЕ, три мандати член на општински комитет, а ги има извршувано и функциите секретар на општинскиот комитет и потпретседател на Унијата на жени во Струмица. Тања Достинова Запрова доаѓа на местот на Ели Панова, која моментално ја извршува функцијата ...

ВМРО-ДПМНЕ распиша конкурси за Претседатели на општинските комитети во Струмица, Василево, Ново Село и Босилово

Политичка партија ВМРО-ДПМНЕ објави јавен оглас и конкурс за пријавување на Претседател на Општински Комитети низ Македонија. Конкурсот е објавен за сите општински комитети во државата меѓу кои спаѓаат и општинските комитети во Струмица, Василево, Ново Село и Босилово. Конкурсот трае до 11 март.  

(ФОТО) ДАНИЕЛА РАНГЕЛОВА ГО ОДБЕЛЕЖА ВОДИЦИ ВО СТРУМИЦА СО УНИЈАТА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕ!

  По повод денешникот голем Христијански празник Богојавленије-Водици претседателката на Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова заедно со претседателката на Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ Струмица и член на Извршен комитет-Ели Панова, празникот го одбележаа токму во нашиот град Струмица присуствувајќи во базент „Аквариус“ каде во осветената вода традиционално како и секоја ...

Ели Панова е избрана за член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица и актуелен советник во Советот на Општина Струмица е избрана за член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ. ,,Со големо задоволство ја споделуваме вестта дека м-р Ели Пaнoвa е избрана за член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ.Ова е уште една можност струмичaни да го остварат своето влијание во ...

СТРУМИЧАНЕЦОТ ДЕЈАНЧО ЕФТИМОВ НОВ ЧЛЕН НА ИК НА ВМРО-ДПМНЕ!

Дејанчо Ефтимов по професија е дипломиран правник со положен правосуден испит. Досегашното работно искуство го стекнува како правник, а подоцна и како раководител во Јавната Установа Меѓуопштински Центар за социјални работи во Струмица. Ефтимов потоа работел и како раководител во Управата за имотно – правни работи односно Одделението за првостепена управна постапка во Струмица ...

МАРЈАН ДАСКАЛОВСКИ ПО ТРЕТ ПАТ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СТРУМИЧКОТО СДСМ!

Со одлуката на премиерот на Република Македонија и лидерот на СДСМ, Зоран Заев актуелниот претседател на Општинската организација на СДСМ, Марјан Даскаловски по трет пат е избран за претседател на струмичкото СДСМ.    

СТРУМИЧАНЕЦОТ ПАНЧЕ ОРЦЕВ – НОВ ЧЛЕН НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА!

Панче Орцев, поранешен пратеник на СДСМ од Струмица е избран вчера за член на Регулаторната комисија за енергетика. Претходно, Собранието го разреши од РКЕ Дејан Бошковски, кој пред да дојде на оваа функција беше директор на ЕЛЕМ.