Претставници од училиштето „Халдун Танер“ од Истанбул во посета на ООУ „Маршал Тито“ во Муртино

Во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Муртино, престојуваат претставници од партнер училиштето „Халдун Танер“ од Истанбул, Република Турција. Во салата на Советот на општина Струмица во домот на АРМ претставници од двете училишта, се сретнаа со претседателот на Советот Марјан Даскаловски и дел од советниците. Даскаловски им посака топло добредојде на гостите од Турција ...

Часови на заедничко дружење и учење во ООУ „Маршал Тито“ од Струмица

Под мотото „Во нашиот свет има место за секој цвет“, во рамките на проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, финансиран од Детската Фондација Песталоци и имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во соработка со Бирото за развој на образованието-Скопје, учениците од трето одделение во мешан етнички состав во  основното општинско ...

Во ООУ „Маршал Тито“ од Муртино реализирана активноста „Штафети во вреќи“

Во рамките на проектот финансиран од Детската Фондација Песталоци, учениците од основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Муртино, реализираа активност која беше планирана во рамките на секцијата по физичко и здравствено образование. Активноста наречена „штафети во вреќи“, опфати повеќе елементи на заедничка тимска работа, работа во групи, меѓусебна соработка, дружење и ...

Општина Струмица упатува Јавен повик за инфо сесија за Проектот за локална и регионална конкурентност

Општина Струмица како еден од потенцијалните корисници на подгрантовата шема на Проектот за локална и регионална конкурентност кој се финансира со грант од Европската унија (ИПА 2). Неговата развојна цел е да го зајакне придонесот на туризмот во локалниот економски развој и да ги унапреди капацитетите на институциите со цел да се поттикне развојот на туризмот и да се олесни управувањето ...

Јаневски:Ќе бидеме партнери во унапредувањето на животот во ромската заедница

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска учествуваше на конференцијата за промоција на Програмата ROMACTED „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локални ниво“ заедничка програма на Европската унија и Советот на Европа, а која што се одржа во Скопје. Целта на оваа Програма е да се изгради политичка волја и одржлив политички ангажман на локалните ...

Градоначалникот Јаневски во работна посета на ООУ „Видое Подгорец“

Градоначалникот Коста Јаневски со своите соработници од одделението за образование на општина Струмица, денеска, го посетија основното општинско училиште „Видое Подгорец“ и остварија работна средба со директорот на училиштето, Леонид Танчев. Во рамките на посетата беа разгледани условите за работа, а се разговараше и за подобрување на инфраструктурата на спортските игралишта, ...

Советот на општина Струмица донесе одлука за нови вработувања во струмичката библиотека

Советот на општина Струмица на седмата седница донесе одлука за шест нови вработувања во библиотеката „Благој Јанков Мучето. Одлуката е донесена едногласно од сите советници. ,,Сакам да ја поздравам одлуката и на советниците на ВМРО ДПМНЕ да гласаат за годишниот план за вработување во библиотеката „Благој Јанков Мучето“ за 2018 година, затоа што е од општ јавен интерес за сите граѓани ...

Советот на општина Струмица ја одржа седмата седница

Повеќе предлог – планови, програми и одлуки беа донесени на денешната седма седница на Советот на општина Струмица. Советниците го усвоија предлог планот за запишување на ученици во прва година во трите средни општински училишта во учебната 2018/2019 година. Според претседателот на Советот Марјан Даскаловски, усвоени се и неколку предлог одлуки од посебен интерес за граѓаните на општина ...

Карневалџиите му го вратија клучот од градот на градоначалникот Јаневски

Од името на карневалџиите, претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов, денеска, му го врати клучот од градот на градоначалникот Коста Јаневски, кај кои беше од започнувањето на карневалските празнувања. Со враќањето на клучот завршува годинашното издание на Струмичкиот карневал 2018. Градоначалникот и Организациониот одбор изразија заедничко ...

Јаневски и Николовски во посета на Сачево каде што се врши чистење на одводните канали

Градоначалникот Коста Јаневски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска, го посетија селото Сачево каде што се врши чистење на одводните канали. Чистењето започна на иницијатива на општина Струмица, а во соработка со Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и АД Водостопанство, подружница „Струмичко поле“ и се спроведува ...