ШЕЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НОВО СЕЛО

Денес 11.08.2017 година со почеток во 10:00 часот, Советот на Општина Ново Село ја одржа шеесет и седмата седница на чиј дневен ред беа следниве точки: 1 .Верификација на мандат на член на Совет на општина Ново Село; 2. Квартален извештај за извршување на буџетот на општина Ново Село за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2017 година до 30.06.2017 година; 3. РЕШЕНИЕ ЗА НЕ ОБЈАВУВАЊЕ на ...

ОПШТИНА НОВО СЕЛО: НОВО СЕЛО Е МАКЕДОНСКА ХРИСТИЈАНСКА ОПШТИНА

На барање на Владата на Република Македонија – Министерството за труд и социјална политика за давање на мислење по однос на Стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година,општина Ново Село го достави мислењето за Стратегијата за трајно населување на бегалците на нашата територија:

(ФОТО) Асфалтирање во Ново Село

Во Ново Село се изврши асфалтирање на улицата Ленинова во должина од 310 метри и ширина на коловозот од 4 метри со уредени банкини од двете страни на улицата. Со асфалтирањето на останатите улици опфатени со Програмата за асфалтирање за 2017 година во другите населени места ќе се продолжи во месец Септември по завршувањето на годишниот одмор на вработените во фирмата изведувач на работите.

Авионско прскање против комарци и во Ново Село

Се известуваат граѓаните на општина Ново Село дека на ден 30.07.2017 година (Недела) во раните утринските часови во периодот од 04:30 – 09:30 часот, преку специјализирана авио-компанија ќе се изврши авионско прскање против комарци. Доколку временските услови не дозволуваат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 31.07.2017 година во истиот временски период. Се предупредуваат сопствениците ...

Амбасадорот на УНДП во Ново Село

Денес во посета на општина Ново Село беше амбасадорот на УНДП и ОН за Република Македонија г-ѓата Луиза Винтон.На средбата со градоначалникот Блажо Велков се разговараше за досегашната имплементација на проектот “Вода за сите”- управување со речниот слив на Стара река ( р.Струмица). Посебен акцент се стави на изградбата на филтер станицата за канализациониот систем во Ново Коњарево ...

(ФОТО) Амбасадорот на УНДП во Ново Село

Денес во посета на општина Ново Село беше амбасадорот на УНДП и ОН за Република Македонија г-ѓата Луиза Винтон.На средбата со градоначалникот Блажо Велков се разговараше за досегашната имплементација на проектот “Вода за сите”- управување со речниот слив на Стара река ( р.Струмица). Посебен акцент се стави на изградбата на филтер станицата за канализациониот систем во Ново Коњарево ...

Се асфалтира улица во Зубово

Во програмата за 2017 година се опфатени се повеќе населени места во Општина Ново Село, меѓу кои и населеното место Зубово каде се изврши асфалтирање на една улица . Со асфалтирањето на овие улици опфатени во програмата се олеснува движењето на возилата и на пешаците, се овозможува подобра и побезбедна комуникација односно подобар квалитет на живеење на граѓаните.

Градежни активности во Сушица

Општина Ново Село продолжува со реализација на програмата за Изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици за 2017година.  Во оваа програма опфатени се повеќе населени места а едно од нив е и населеното место Сушица. Според програмата за 2017 година во Сушица се изврши асфалтирање на една улица, меѓутоа, покрај асфалтирањето по барање на граѓаните се изврши и реконструкција ...

Дражево доби повеќенаменско спортско игралиште

Завршија градежните работи за изградбата на повеќенаменското спортско игралиште во Дражево. Со изградбата на оваа игралиште, оградувањето на истото и со поставувањето на нова спортска опрема, се создадоа услови за спорт и рекреација на дечињата од училиштето, за граѓаните од оваа населено место како и за сите останати граѓани од општината.