ЕМАГАЗИН: ОПШТИНА НОВО СЕЛО РАСПИША НАБАВКА НА ЛУКСУЗЕН АВТОМОБИЛ ОД 36.000 ЕВРА!

  Општина Ново Село распиша оглас за набавка на ново патничко моторно возило (лимузина) по пат на финансиски лизинг. Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 2.190.678 денари, а главен критериум за доделување на договорот е најниска цена. Целосната вест може да ја поглегнете на следниот ЛИНК ИЗВОР: ЕМАГАЗИН  

(ФОТО) БЛАЖО ВЕЛКОВ: РАБОТНО ДО ПОСЛЕДЕН ДЕН!

Денес на официјалниот профил, поранешниот градоначалник на општина Ново Село-Блажо Велков објави дека асфалтирани се нови улици во Мокриево, Мокрино, Старо Коњарево и Ново Коњарево. Од 2013-2017 година асфалтирани се 47 улици и над 167 завршени проекти. Велков се заблагодари на сите жители на општина Ново Село!  

(ВИДЕО) БЛАЖО ВЕЛКОВ: НОВО СЕЛО ПОД НЕВИДЕНА ПОЛИЦИСКА ОПСАДА!

Почитувани граѓани на општина Ново Село, во моментот во нашата општина се случува невидена опсада од страна на полициски инспектори во цивил, придружувани од униформирани службеници на МВР, на чело со началникот на СВР Струмица Танчо Пројковски. Од 19:00 часот со логистичка поддршка од приватни возила на активисти на СДСМ од Ново Село МВР врши притисок врз активисти на ВМРО-ДПМНЕ кои ...

Листа на советници од СДСМ за општина Ново Село

1.Валентина Попова-Ново Село 2.Славе Стојанов-Сушица 3.Андреа Андреев-Колешино 4.Марија Манчева-Смолари 5.Коста Котев-Зубово 6.Живка Костадинова-Мокриево 7.Горан Цветков-Ново Село 8.Павле Вучков-Самоилово 9.Ленче Јанковска-Ново Коњарево 10.Виктор Стоилов-Ново Село 11.Ѓорѓи Тасев-Сушица 12.Александра Трајкова-Дражево 13.Орце Стојанов-Старо Коњарево 14.Мирчо Мирчев-Борисово 15.Валентина Стојменова-Мокрино

Листа на советници од ВМРО-ДПМНЕ за општина Ново Село

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ново Село ја достави кандидатурата за Градоначалник  и за советници во Советот на општината за претстојните Локални избори на 15 октомври. Носител на советничката листа е Павлина Георгиева (Ново Село), а кандидат за градоначалник е Блажо Велков. Ова е целата листа со кандидати за советници за Совет во општина Ново Село од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ...

Блажо Велков – Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Градоначалник на oпштина Ново Село

Блажо Велков е кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во општина Ново Село за претстојните локални избори кои ќе се одржат оваа година во Октомври. Информацијата е официјално потврдена и од ВМРО-ДПМНЕ!

Реконструкција на детската градинка „Сонце”- Ново Село

Привршуваат градежните работи на детската градинка Сонце”- Ново Село. Од нејзината изградба во 1975 година до денес не беа превземени никакви градежни работи. Со реконструкцијата на истата ќе добиеме еден енергетски современ објект и значително ќе се подобрат условите за нашите најмали. Се извинуваме на родителите и им благодариме на трпението..!

Боро Стојчев – Кандидат на СДСМ за Градоначалник на oпштина Ново Село

Боро Стојчев е кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ во општина Ново Село  за претстојните локални избори кои ќе се одржат оваа година во Октомври. Информацијата е официјално потврдена и на неговата фан страница на фејсбук.  

Отчет на градоначалникот Велков за четиригодишната работа

Работа која носи подобро Почитувани граѓани на општина Ново Село, Независно дали сме биле во постојана комуникација или воопшто не сме можеле да се согласиме, разговорите кои сум ги водел со Вас, во канцеларија, на улица, во парк, на спортски натпревар или на асфалтирање на нов пат, се разговори кои ме одржаа искрен, инспириран и мотивиран во исполнувањето на зацртаните цели. Тие разговори ...

ЕДНОГЛАСНО: ОПШТИНА НОВО СЕЛО ДЕФИНИТИВНО НA РЕФЕРЕНДУМ

ЗДРАВА КОТЛИНА: Во духот на единството кое Иницијативата „СПАС за Струмичка Котлина – СТОП за рудникот на смртта во Иловица“ заедно со локалните самоуправи од струмичкиот регион го гради во интерес на граѓаните, Советот на Општина Ново Село денеска ја потврди својата претходна одлука за распишување референдум на локално ниво во врска со рудникот во Иловица. Како и во случајот со ...