(ФОТО) Спомен Костурницата во Струмица ја изеде забот на времето и негрижата

Спомен Костурницата во Струмица која се наоѓа на ридот Самораница, на надморска височина од 327 метри претставува нем сведок за почитта и незаборавот кон животот и делото на загинатите борци на НОВ. Сместена е во стариот дел од градот, во изолирана и пријатна атмосфера, распрегната меѓу минатото и иднината цели кон давање показ на незаборавот на една од многуте наши историски светлини. ...

ФОТОРЕПОРТАЖА: Требичино – Убавина што треба да се доживее

Селото  се наоѓа во југоисточниот дел од Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечено 16 километри. Трибичино се наога во североисточните падини на планината Еленица, на надморска височина од 520 метри. Поради својата надморска височина селото има планинска клима. До шеесеттите години од 20 селото имало 45 куќи. Со уништувањето на сточарството, бранот на миграцијата ...

(ФОТОРЕПОТРАЖА) СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица ја дигнаа цела Врњачка бања на нозе!

Изминатиов викенд екипата на Струмица Денес го помина во Врњачка бања заедно со учениците и професорите од СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица. Причината за посетата на ова уникатно српско гратче беше учеството на познатиот карневал, на кој, беше поканета и карневалската група на струмичкото средно училиште. За време на престојот, учениците имаа доволно време да уживаат во убавината ...

(ФОТОРЕПОРТАЖА) Еден ден на струмичките полиња

Плодни и зелени, полни со голема убавина и вредни работливи жители кои со голема љубов и внимание ја обработуваат својата земја! Со право би рекле дека секој од нас овде би го пронашол мирот и спокојот кој ни е потребен секојдневно. Така би ги опишале нашите струмички полиња кои сигурно се едни од најплодните во целата Македонија. Од здравата храна и плодовите кои излегуваат од оваа ...

(ФОТОРЕПОРТАЖА) Мокрински извори – вистински дар од природата

По феноменалната ФОТОРЕПОРТАЖА за заборавената убавина на селото Три Води фотографот на Струмица Денес повторно преку неговите фотографии Ви прикажува уште една наша убавина за која надалеко се зборува. Станува збор за Мокринските извори кои се наоѓаат во подножјето на планината Беласица на надморска височина од 330 метри поточно во селото Мокрино, во близина на Струмица. До ден ...

ЛЕГЕНДИ И ПРЕДАНИЈА: Што ли крие Беласица – ураниум, злато или гробот на Александар Македонски?

Скротена на југоистокот од државата, во близина на Струмица, една од најстарите планини во Македонија, но и на Балканскиот Полуостров, Беласица, немо крие голем број мистерии од пред стотици векови. Беласица е богата со планински пасишта на кои во летниот период доаѓааат бројни стада на пасење. Само највисоките врвови на Беласица се голи и каменити. Во подножјето на Беласица извираат ...

(ФОТОГАЛЕРИЈА) „ASTERI COOKIES“: Безвременската единствена чоколадна бајка од Струмица

Во студените зимски денови, поминете наспроти малиот градски парк , застанете пред излогот на „Asteri Cookies“  и дозволете да бидете маѓепсани. Аромите на ванила, какао и карамела го привлекуваат секој кој поминува одовде и никој не останува рамнодушен. Станува збор за префинета чоколадарница, единствена од ваков тип во Струмица, со љубезен персонал кој нуди разни производи од богатата ...

ФОТОГАЛЕРИЈА: Место кое мора да го посетите – новоотворената сендвичара „Гранде“

После успешното пробивање на пазарот и стекнатите голем број редовни муштерии благодарение на квалитетот, пријатната услуга и поволните цени, тимот на месарница „Гранде“ отвара и своја сендвичара. Лоцирани во близина на струмичката гимназија, тие се подготвени за Вас да ги подготват највкусните сендвичи, тостови, тортиљи, а за сочната скара на кило воопшто и да не се зборува. Она ...

ФОТОРЕПОРТАЖА: Заборавената убавина на селото Три Води

На шест километри од градот Струмица се наоѓа едно од најубавите села во Република Македонија, селото Три Води. Оваа божествено место е вистински рај за оние кои што сакаат да се одморат од градскиот метеж. Уште додека се движите кон селото, по тесниот, неасфалтиран пат може да го почувствувате опојниот мирис на триводскиот орев, на црешата и лешките. Три Води е село кое изобилува ...

(ВИДЕО) Анализа на делницата „Демир Капија – Смоквица“

По месец септември, северната и јужна граница на Македонија конечно ќе бидат поврзани со целосен автопат. Останува уште да се довршат градежните активности на делницата од Демир Капија до Смоквица. Оваа делница е во должина од 28.18 километри, а само автопатот е долг 23.69 километри. Заради комплексноста на теренот на којшто се извршуваат градежните работи, проектот на коридорот 10 е оценет ...