(ФОТО) Познати загинати струмички херои

За ослободувањето на Македонија па и Струмица гинеле многу наши струмички херои. Некои од нив веќе ги знаете, но некои воопшто никаде не се ни спомнати. Вечна им слава!

(ФОТО) Карневалската традиција на струмичани низ времето

Струмичкиот карневал отсекогаш бил примамлив за голем број посетители од целата земја па и надвор од неа. Во 1995 година Струмица со својот карневал се вклучила во големата фамилија на карневалските градови во светот, односно била примена во FECC – Здружение на европски карневалски градови, а во 1998 година Струмица била и домаќин на Конгресот на оваа светска асоцијација. Но, овие фотографии ...

Погледнете за кого е посветена песната „Македонско девојче“

Најпозната македонска песна, песната по која што не познава скоро целиот свет е посветена на Невенка Томовска Росоманова, „девојчето“ кое денес има 50 години. „Татко“ на оваа прекрасна македонска песна е Јонче Христовски. Тој бил чест гостин во семејството на Виолета Томовска, со која и самиот соработувал. На една од тие средби, кога ќерката на Виолета – Невенка, го славела својот ...

Васил Гарванлиев – Од „Марионка“ до оперска приказна кон ѕвездите

Го паметиме како малото, слатко момченце што пееше „Марионка, Марионка личи на Јапонка“ на Златно Славејче, а денес е успешен оперски пејач во Торонто којшто ги полни салите насекаде во светот. Иако канадската публика го знае повеќе од нас и има повеќе привилегии да го слуша неговиот баритон, ние сме горди со овој редок талент кој потекнува од нашата Струмица, а веќе има светска слава. Васил ...

(ВИДЕО) Игор Џамбазов за авантурите во струмичко

Во една од емисииите на Еден на еден гостин беше Игор Џамбазов којшто зборуваше за своите авантури низ Македонија, а Струмица секако не е исклучок од таквите авантури. За неговото воодушевување кога дознава дека постои хотел „Мис Стоун“, за престојот во Василево и фудбалскиот турнир во Пиперево, слушнете во продолжение:

Легенди за настанокот на името на струмичкото село Колешино

Легенди за името на селото Постојат две легенди околу името на селото. Според првата селово своето име го го добило по Беласичката битка од 1014 година помеѓу силите на Цар Самуил и византискиот император Василиј II, кога во страшен колеж загинале голем број македонски војници. Во чест на тоа, среде село е поставена табла со легендата за настанокот на името Колешино. Втората легенда е ...

Сте ја слушнале ли приказната за струмичкиот Момин бунар?

Во источниот дел на Струмица се наоѓа срцевината на стариот дел од градот. А во неговата средина главна чаршиска точка за размена на муабети е бунарот длабок 11 метри наречен Момин бунар. Одговорот за неговото име се крие во легендата според која тој бил изграден од некој Турчин во спомен на последната желба од неговата ќерка. Таа побарала нејзината облека да се продаде, а од парите ...

Фотографии од Гоце Арнаудов кои досега не сте ги виделе!

Легендата на македонската народна музика Гоце Арнаудов, ќе остане запаметен по многу работи. Хитови кои и ден денес се пеат, се почитуваат од помладите генерации, а за неговиот лик и дело постојано се зборува. Дефинитивно една од работите по која ќе се памети Арнаудов е неговиот стил на облекување.Тој стил Гоце Арнаудов го негувал уште на почетокот на својата кариера. Ова подолу се фотографии ...

РЕТРО: Струмичките легендарни песни – „Текила“ , „Скала“ , „Марија“

„Текила“ , „Скала“ , „Марија“ се само некои од струмичките рап хитови коишто пред неколку години доминираа во струмичко па и низ цела Македонија. Скоро секој струмичанец имаше на својот мобилен телефон макар и по една песна. Важно, момците што ги интерперираат песните направија на еден начин „бум“ со овие песни со хумористична содржина. Да не должиме многу и да се потсетиме на нив!