(ФОТО) Спомен Костурницата во Струмица ја изеде забот на времето и негрижата

Спомен Костурницата во Струмица која се наоѓа на ридот Самораница, на надморска височина од 327 метри претставува нем сведок за почитта и незаборавот кон животот и делото на загинатите борци на НОВ. Сместена е во стариот дел од градот, во изолирана и пријатна атмосфера, распрегната меѓу минатото и иднината цели кон давање показ на незаборавот на една од многуте наши историски светлини. ...

Lust Festival повторно во Струмица!

07.04.2018 е дефинитивно датумот кој треба да го сочувате бидејки Lust festival ни доѓа повторно во Струмица! Локацијата останува Club Select, а организаторите ни најавуваат дека покрај големи имиња од домашната електронска сцена ни доаѓа едно од најдоброто дџ-ско дуо на балканот. 07.04.2018 – Lust Festival: Easter Edition at Club Select

Работи кои ги има само во Струмица

1. Само во Струмица можеш да учиш медицина во „земјоделското“ 2. Струмица е град во којшто комшиите знаат дупло повеќе за тебе отколку самиот ти, дали си пред развод, колку време си во врска со швалерката и кој те донел до дома. Друга тема пак е кој каде бил на одмор и колку багаж земал со него. Да не се спомнуваат пак дискусиите поврзани со тоа колку народ имало на свадба, што имало за ...

ВИДЕО: „Назад, назад Калино моме“ во изведба на Пере Јованов и Горан Алич

Мир, убавина, волшебство… Така би ја опишале новата преработка на песната „Назад, назад Калино моме“ во изведба на нашите двајца струмичани Пере Јованов и Горан Алич. Иако едниот од нив е на другата страна од светот сепак тоа не ги спречи оваа прекрасна македонска песна да добие една нова прегработка што сигурно е рај за душава. Уживајте!

Oткриен тајниот рецепт за подготовка на совршено тесто за пица

Конечно е откриена тајната на рецептата за совршено тесто за пица. Да, да, она што сите пицери го кријат како змијата нозете. Тестото, како и предлог што да ставите на пицата, го имате тука, а вие можете да експериментирате со што год ви душа посака околу тоа што ќе ставите на пицата. Еве што се ви е потребно за една пица за двајца: За тестото: 320 гр. брашно 1 лажичка сол 1 лажичка инстант квасец 1 ...

Туристичкиот комплекс „Бела Вода“ – Рај на земјата

Сите ние постојано велиме дека Македонија е прекрасна, но голем број од нас, всушност, не ја виделе таа убавина со свои очи. Затоа треба да се искористи секој слободен момент и убавото време и да се организира незаборавна еднодневна екскурзија или еден викенд за нас и за нашите најблиски на место каде што не сме биле никогаш досега. На тој начин барем малку подобро ќе ја запознаеме Македонија ...

Струмица во времето на Југославија

Повеќето од луѓето во Струмица па и во останатите градови жалат по Југославија. Велат дека животот бил многу помирен, немало никакви немири, секој бил вработен и можел да го издржува своето семејство. По повод вчерашниот ден 25 Мај – ден на младоста во Титовата Југославија еве како изгледала прославата или манифестацијата во нашата Струмица. ФОТО: СТАРА СТРУМИЦА

Корчо Војвода Струмички јунак

Во почетокот на 18 век Видинскиот Паша Пазваноглу се одметнал од Истамбул и се борел против Султанот. Во тоа време во село Сарај близу Струмица Корчо бил овчар. Неговото семејство било угнетувано, но имал добро потекло, неговиот татко бил затворен. Корчо решил да стане ајдут. Собрал дружина ја нападнал Струмица и го ослободил татко си. Корчо набргу заминал кон војските на Пазваноглу ...

Мамин колач или струмичка Бакина торта

Името на овој старински колач во Струмица е Бакина торта и е од тетратката на мајка ми. Но секако не се мисли на баба, туку името доаѓа од бакинг прашок, денес познат како прашок за пециво. Веројатно и рецептот дошол од пакетчето, порано редовно имаше рецепти на бакинг прашокот. Мајка ми го правеше многу често, зборувам за 60 и 70 те години на минатиот век, а и ден денес си го прави, им се погоди ...

Музичкото семејство – Џорлеви низ сеќавањата на избледените фотографии

Не постои струмичанец што не знае барем по еден од Џорлеви. А не постои ни струмичанец кој не слушнал за песните „Не кажувај либе добра ноќ“ , „Фато мори душманке“ и уште стотици песни кои се дел од творештвото токму на еден од најголемите композитори на сите времиња, големиот Наско Џорлев. Струмица Денес ви избра фотографии на којшто ќе можете да се потсетите на струмичкото семејство ...