Бензинот поскап за половина, дизелот за еден денар

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Од полноќ ЕУРОСУПЕР БС 95 на бензинските низ Македонија ќе се точи по цена од 62,5 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС 98 по цена од 64,5 денари по литар.

benzin 1
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ-от ќе изнесува 50 денари по литар.
За денар поскапува и екстра лесното масло за домаќинство чија нова цена ќе изнесува 38,5 денари по литар.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,