„Белешките на Лајла Грејс“ ги разбуди емоциите на Македонците

lajla-beleski-grejs-crop

Вистината е сурова, повредува, боли, ја уништува илузијата но во истовреме е и најдобриот лек за закрепнување. Прифаќањето на реалноста ни ја открива светлината, го отвора патот кон соочувањето со животот и ни дава храброст да продолжиме понатаму. Најчестите разочарувања во животот ни ги придонесува љубовта, токму тогаш кога се предадеме со цело срце и веруваме дека ќе биде засекогаш така, наеднаш доаѓа бура и ги уништува сите наши замисли.

Марија Јаневска е девојката која веќе подолго време на социјалните мрежи ги разгорува чувствата на читателите, преку своите текстови во „Белешките на Лајла Грејс“ ја опишува суштината на животот каде секој се пронаоѓа во нејзините скриени пораки што ги пренесува преку приказните. Во суштина настаните се вистински во секој можен поглед и инспирирани од приказната наречена живот, затоа и продираат длабоко во сите чувства и толку многу се пронаоѓаат во сите тие емоции кои се внесени во нејзините текстови.Таа информираше дека пишувањето е повеќе од само дел од неа, проблемите со кои се соочува ги поттиснува преку пишувањето, со што на еден начин ја прифаќа реалноста, а со објавувањето на нејзините текстови на блог им ја приближи реалноста и на останатите.

„Белешките на Лајла Грејс“ беше името на блогот чија читаност секојдневно се зголемуваше интензивно, како и се повеќе фанови имаше и фејсбук страницата.Текстовите се толку реални, многу често предизвикуваат солзи на читателите но воедно ги будат спомените и даваат сила за соочување со нив. Сите негативности се преточени во креативност каде на крајот од секоја приказна од овој блог се извлекува надеж и поука дека сепак љубовта е неистрошлива и треба да се верува во неа и најважно од се е љубовта кон нас самите. „Белешките на Лајла Греј с“ од неодамна беше преточена во книга со што уште повеќе стана достапна на читателите и љубителите на љубовни приказни, каде се објавени најпознатите текстови од блогот но и нови приказни.

 lajla-beleski-grejs-01

маркетинг


Select
Ознаки: , ,