АПЕЛ: Отворени телефонски линии за граѓаните да пријават бездомници во Струмица

Министерството за труд и социјална политика објави броеви на кои може да се пријави бездомништво. Министерството апелира до граѓаните да пријавуваат случаи на бездомништво во Црвениот крст и во центрите за социјална работа.
Како што соопштија од Министерството, апелот е поради неповолната временска состојба и минусните температури, а дежурните тимови ќе ги згрижат и сместат бездомниците во пунктот во Момин поток – Скопје или во некој од регионалните пунктови за сместување на бездомни лица, кои што минатата есен беа отворени во Струга, Битола и Струмица.

Граѓаните ќе можат да пријават и да помогнат на бездомник на контакт телефоните на дежурните екипи во:

Струмица,
Црвен Крст 070 253 441
ЦСР- 075 377 798

Скопје,
Црвен крст – 071 733 171, 023096 227
ЦСР-078 230 943, 076 381 762

Струга,
Црвен крст 070 249 733
ЦСР- 075 588 980

Битола,
Црвен Крст – 075 907 060
ЦСР- 071 342 492

маркетинг


Select
Ознаки: , ,