(ВИДЕО) Анализа на делницата „Демир Капија – Смоквица“

По месец септември, северната и јужна граница на Македонија конечно ќе бидат поврзани со целосен автопат. Останува уште да се довршат градежните активности на делницата од Демир Капија до Смоквица. Оваа делница е во должина од 28.18 километри, а само автопатот е долг 23.69 километри. Заради комплексноста на теренот на којшто се извршуваат градежните работи, проектот на коридорот 10 е оценет како доста сложен и опфаќа изградба на мостови, тунели, надвозници и патни јазли. Целокупниот проект опфаќа шест мостови, два тунела со по две коловозни цевки чија вкупна должина изнесува 4938.75 метри, 45 засеци од кои 27 долги повеќе од 100 метри и 2 продолги од 700 метри. Оваа делница има 49 насипи, 5 надвозници, 7 порпатници, 2 клучки.

Untitled

Тимот на Телеканал А1 направи обиколка со цел да се види до каде се градежните зафати, повеќе за тоа дознајте од репортажата на Ѓорѓе Камов:

маркетинг


Select
Ознаки: , , ,