АМЕРИКАНЦИТЕ СИ ЗАМИНАА ОД СТРУМИЦА!

Беспарицата услови двата клуба да се ослободат од понатамошните обврски спрема странските кошаркари, па засега е непознато со какви сили ќе настапат во вториот дел од сезоната.

 Двете екипи со најслаб резултат во првито дел од Првата лига, Струмица и Шкупи, се чини дека ќе имаат уште потешка задача да го одбранат прволигашки статус.Пред се затоа што во оној втор дел од сезоната, кој продолжува на 13. јануари, ќе продолжат со видно изменети состави, а во кои повеќе ќе ги немаат на располагање странските играчи, односно оние кои се со потекло од САД.

Она што претходно беше најавено, се случи американски егзодус од Чаир. По заминувањето на повредениот Афам Мујеке (се повреди на псоелднито натпшревар со Коќув во Скопје), истото го направија и тај херис односно Џозеф Тејлор.
Или поинаку кажано, тројцата најдобри играчи во дебитантскиот тим. Статистиката вели дека во оние 11. кола овој „трилинг” уфрли 63.7 поени во просек, од оние крјаните, тимски – 77.3

Тоа говори колку Шкупи ќе биде „силен” секако под услов ако во меѓувреме раководството на клубот од Чаир не размисли за соодветни замени со кои би требало да се тргнат од последните места, онеи кои водат во понизок ранг на натпреварување.
Во Струмица пак „се поздравија” со Тајлер Дејл, Гилберт Тарнер и Кевин Тајс, претходно и Антонио Бишоп кои беа донесени да бидат носители на играта. И да бидат комбинација со оние неколку млади играчи, на кои подоцна им беше придодаден и искусниот Петре Цветков.

Не треба да се анализира многу за да се дојде до заклучокот дека и во Струмица, Американците беа носители на скоро сите тимски активности. Дека беа најдобри стрелци, скокачи, додавачи…
Тајс беше најдобриот стрелец и скокач во тимот кој прво го водеше Власис Влаикидис а потоа Васко Атанасов. Имаше просечни 18.7 поени по натпревар (одигра два помалку од планираните), плус и по 7.7 скока по меч.
Дејл заврши со просек од 14, а на двата меча Бишоп запиша по 11 поени, по што предвреме си замина од Струмица.
Па и тука важи истиот заклучок дека струмичкиот колектив ќе се потпре на младите играчи во продолжението од првенството. Но многу работи ќе бидат појасни во оваа зимска пазуа до 13. јануари, кога треба да се игра 12. првенствено коло.

маркетинг


Select
Ознаки: ,