68 години од формирањето на НТ „Антон Панов“- Струмица

Точно 68 години поминаа откако Струмица го доби првиот независен театар. Народниот театар антон панов формиран во далечната 1949 година за првпат пред публиката ја изведе познатата претстава Бегалка по истоимената драма во пет чина на македонскиот писател Васил Иљоски. Пиесата напишана за народот и за широките народни слоеви со особено настојување на сите да им биде поблиска и разбирлива е првото дело драматуршки претставено пред струмичката публика. Како што иљоски сакал на сцената да види победа на вистината над лагата, на доброто над злото, победа на социјалната правда и човечноста така и била пренесена од тогашниот ансамбл на струмичкиот театар. Фотографиите кои се чуваат во архивата говорат за едно време со високо развиена свест за културните настани, полна сала, заинтересирана публика, талентирани актери.

Токму таа прва постава на уметнички работници ги постави темелите на театарското творештво, меѓу првите во регионот. Делата тогаш се изведувале во салата на стариот театар се до формирањето на центарот за култура кога народниот театар продолжува да твори таму. Откако пред 16 години од пожар беше уништен стариот театар, министерството за култура заедно со заводот и музеј Струмица го започнаа еден од поголемите проекти а тоа е враќањето на неговиот сјај. При крај е неговата санација вклучувајќи го статичкото засилување на неговата конструкција и реставрацијата на препознатливиот изглед на ова здание од центарот на Струмица, а последните информации од ресорното министерство говорат дека веќе се подготовува и претставата која ќе се изведе годинава во реконструираниот театар. За овоој проект се издвоија финансиски средства во висина од 220 милиони денари од државниот буџет.

Стариот театар во Струмица е изграден во 1949 година, а истиот беше уништен до темел во големиот пожар во 2001 година. Од своето основање и во годините на своето постоење театарот антон панов поставил на сцена повеќе од 350 премиерни изведби од познати светски и домашни автори со изведби од познати акерски имиња и режисери. Годишно театарот подготвува и реализира околу 5 премиери со околу 50-тина репризи, по дела од домашни и странски автори. Учествуваат на сите домашни театарски фестивали и манифестации, а имаат и соработка со повеќе странски театарски куќи.

До ден денес театарот гордо го носи името на истакнатиот македонски драмски писател Антон панов. Од 6 април 2004 година, со измените на одредбите од новиот закон за култура на Република Македонија, трите претходно самостојни организации: Дом на култура, Уметничка галерија и Народен театар Антон Панов, се интегрирале во една заедничка организација, под името Национална установа Центар за култура Антон Панов – Струмица. Објектот на Центарот за култура Антон Панов – Струмица, е една најпознатата гртадба во Струмица која зафаќа 5560 м2. Објектот бил пуштен во употреба пуштен од 1 мај 1986 година, како Дом на културата Благој Јанков Мучето. Денес Културниот центар Антон Панов го организира, консолидира и води целокупниот културен живот во градот. Центарот е средиштето на сите културни збиднувања во градот и околината (Претстави, изложби, концерти, промоции на книги, литературно музички средби, презентации,).

Основната цел и активност на Центарот е да ги едуцира граѓаните , посебно младата популација, анимирајќи ја нивната културна креативност, зачувувањето и негувањето на традиционалното културно наследство и творештво и стварање на една културолошки чувствителна и образована публика. Од Просторни капацитети и кадровска екипираност на објектот располага со Голема сала: 600 седишта Мала сала: 150 седишта Мала сцена: 100 седишта Фоаје: 70 седишта, 320 м Изложбен простор: 207 м Ателје скулпторско: 100 м Библиотека интерна: 2000 книги а, Активностите се водат во три сектори I. Драмско-сценска дејност II. Музичко-концертна дејност III. Изложбено-галериска дејност Националната установа Центар за култура Антон Панов,Струмица, вклучувајќи го и театарот во рамките на своите програмски активности реализира годишна програма како производ на активностите на трите сектори кои работат и делуват во истиот. Имено, програмата на центарот е сублимат на активностите од : Драмско сценскиот, ликовнио-галерискиот и музичко концертниот сектор.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,