5 години од смртта на кралот на поп – музиката, Мајкл Џексон

На денешен ден се одбележуваат точно 5 години откако легендата  Мајкл Џексон, го напушти овој свет.

majkl

Мајкл Џексон почина во Лос Анџелес пред точно пет години, на 50-годишна возраст, откако му откажало срцето, а сите обиди за реанимација биле неуспешни.

Тој  ја започна кариерата уште во 1970 година, кога Мајкл и неговите браќа во групата „Џексон фајв“ имаа повеќе хитови на првото место на американските топ-листи, како „Еј-Би-Си“ или „Ајл би дер“.

Под строгата рака на татко им Џо Џексон, децата беа насочувани да бидат шоу-ѕвезди и подоцна Мајкл раскажуваше за своето тажно детство. Зад себе тој остави три деца.

Се потсетуваме на еден од неговите поголеми хитови.

маркетинг


Select
Ознаки: